Светското производство на автомобили се намалува поради пожарот во Јапонија

43

Светското производство на автомобили во вториот квартал од оваа година би можело да се намали за околу 1,6 милиони возила поради пожар што зафати голема фабрика за чипови во Јапонија.

Тоа би претставувало намалување од 7% во однос на истиот период лани.

Новинската агенција Nikkei известува дека водечките јапонски производители на автомобили, вклучувајќи ги Toyota и Nissan, почнаа да го намалуваат производството на своите модели поради акутен недостаток на чипови.

Фабриката во Јапонија беше еден од најголемите производители на чипови за автомобили во светски рамки, а беше зафатена од голем пожар на 19-ти овој месец. Се очекува фабриката да се врати со работа во полн капацитет за помалку од четири месеци.

Фото: Pexels