Светското првенство во Катар ќе биде 19 пати поскапо од она во Русија

133

Светско првенство кое ќе се одржи во Катар ќе биде и 19 пати поскапо од последно одржаното пред четири години во Русија.

Целото Светско првенство во Катар се проценува на околу 220 милијарди долари.

Ова се пари кои организаторите ги потрошиле за инфраструктура и сите други трошоци поврзани со еден ваков собир. Но, најголем удел во овој дел секогаш имаат објектите што се градат.

За споредба, пред четири години во Русија беа потрошени 11,6 милијарди долари.

Најскапото првенство досега беше она во Бразил во 2014 година, кое чинеше 15 милијарди.

Домаќин на првенството пред 12 години беше друга земја со не многу богати фудбалски традиции – Јужна Африка. Но, таму првенството ја чинеше земјата само 3,6 милијарди. Сосема скромна сума во позадина на трошоците за Катар.

Главната причина за неверојатните 220 милијарди во Катар е тоа што едноставно во оваа земја сè е изградено од нула.

Не станува збор само за уникатни и ексклузивни модерни стадиони туку и патишта, аеродроми, илјадници хотели, па дури и цели нови градови само за добредојде на навивачите на Светското првенство.

Фото: Facebook