Австрискиот концерн Swarovski ги затвора производните погони во Кина и Чешка и производството ќе го сконцентрира на Австрија и Србија, стои во соопштението на компанијата, јавува Танјуг.
Во Кина ќе бидат затворени 200, а во Чешка 75 работни места.
Од компанијата велат дека по сеопфатна промена во меѓународната стратегија за производство, следните месеци производството ќе биде сконцентрирано на седиштето во Ватенс, Австрија и новиот погон во Србија.
Производните погони во Србија се градат во индустриската зона Мали Бајмок, Суботица и планирано е да се вработат 550 до 600 луѓе. Претходно потпретседателот на Swarovski задолжаен за производство, Ралф Герингер, изјави дека компанијта ја избрала Србија и Суботица поради близината до Австрија и дека новата фабрика лесно ќе може да се вклучи во мрежата на производни капацитети.