Swarovski ја лансираше првата линија на луксузни очила

21

Компанијата за изработка за лускузен накит и предмети Swarovski склучи договор со италијанскиот производител на очила Marcolin, со цел да ја создаде својата прва колекција на луксузни очила украсени со 78 кристали.

За изработка на секое делче од овие очила потребна е една недела, вклучувајќи ги и рачно полираните леќи и обложените со паладиум слепоочници.

Ова лимитирано издание од 800 очила Swarovski Eyewear Couture е веќе лансирано на пазарот и еден ваков луксузен пар чини 1.000 евра.

Како што велат од компанијата, овие екстравагантни очила се поим за софистицираност и стил и ја доловуваат екпертизата на Swarovski и Marcolin за иновативност и фина изработка.