Swarovski ја затвора секоја трета продавница во Австрија

39

Познатата австриска куќа за луксузен накит, Swarovski откако го надмина спорот околу идната стратегија на компанијата, сега своите напори ги насочува кон реформа на својата продажна мрежа.

Гигантот за време на коронaкризата, како и повеќето компании се соочи со предизвици, меѓу другото, мораше да отпушти бројни работници поради кратење на трошоците.

Виенскиот магазин Trend  пишува дека дури 33 продавници Swarovski ќе бидат затворени во Австрија. Ова значи дека договорите со 102 трговци ќе бидат раскинати, што беше потврдено од концернот.

Планот е да се затворат повеќе продажни објекти низ целиот свет – околу 750 од вкупно 3.000, а ќе бидат укинати и нивни сопствени гранки и франшизи.

Фото: Pixabay