Од минатиот месец, во сопственост на деловниот систем на Swisslion Takovo се најде уште една фабрика за кондиторски производи. Со цел ревитализација на компанијата и нејзините производи, Swisslion ја купи фабриката Банат од Вршац, стои во соопштението.
Swission Takovo има сопствени производни погони во Србија, БиХ и Македонија.
Месечното производство во фабриката во Вршац е околу 2.000 тони. Толку е и месечната продажба, од која 40% се пласира на српскиот пазар, а остатокот се пласира на странски пазари, јавува евршац.рс.