SYLPH – мал иновативен фен со голема моќност

28

hwugcwzohuhjxd1jhb3o

Фото: Indiegogo

Кинески старт – ап создаде мобилен и иновативен фен што ќе им биде од голема корист на луѓе кои често патуваат.

Иако е мал, SYLPH има голема моќност, па корисникот нема да губи многу време додека ја суши косата. SYLPH има моќност од 1.400 вати, што е исто како кај професионалните фенови. Овој фен е голем колку мобилен телефон, па од таа причина неговиот корисник може да го стави во чанта и да го носи секаде со себе.

SYLPH ја одржува топлината на константно ниво, со што се заштитува косата од оштетување.

Иновативниот фен е поставен на глобалната платформа за групно финансирање, Indiegogo. Кампањата заврши вчера, а фенот успеа да собере 84.099 долари поддршка.