Почетна Новости СЗО побара мораториум на вакцинацијата со трета доза против Ковид-19

СЗО побара мораториум на вакцинацијата со трета доза против Ковид-19

47

Светската здравствена организација (СЗО) повика на укинување на третата доза вакцина Ковид-19 додека не се дистрибуира праведно во земјите со ниски приходи.

“Поради недостаток на вакцини во земјите со ниски приходи, вакцинирани се 1,5 лица на 100 жители. Суспендирањето на третата доза до крајот на септември ќе овозможи да се вакцинираат најмалку 10% од граѓаните на секоја земја. Разбирам дека сите влади сакаат да го заштитат својот народ од делта сојот. Но, не можеме да прифатиме дека земјите што веќе користеле поголем дел од глобално достапната вакцина да користат уште повеќе“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Израелскиот претседател Исак Херцог минатата недела ја прими третата доза од вакцината, со што започна кампањата за вакцинирање на лицата над 60 години во неговата земја.

Соединетите држави потпишаа договор со Pfizer и BioNTech во јули за купување на 200 милиони дополнителни дози на вакцината за вакцинирање на млади и стари лица.

“Наместо тоа, треба да се фокусираме на оние луѓе кои се најранливи, најмногу изложени на ризик од сериозни болести и смрт, за да ја добијат првата и втората доза“, рече директорката на СЗО за вакцини, Кетрин О’Брајан.

Фото: Freepik