Т- Мобиле: 10 бесплатни Samsung Galaxy S6 на 19 април во City Mall

26

Sams-1

На само еден ден пред македонската промоција на новиот Samsung Galaxy S6, Т – Мобиле и Samsung приредуваат несекојдневно изненадување за своите корисници на 19 април, недела, на вториот кат во City Mall во Скопје од 12 до 15 часот.

Настанот ќе биде од забавен карактер и на големо изненадување на сите корисници ќе се подаруваат 10 Samsung Galaxy S6 преку одговарање на едноставни прашања со СМС.

Истовремено, сите кои тој ден во Телеком продавницата во City Mall ќе го купат Samsung Galaxy S6 или S6 Edge, ќе го добијат одличниот Samsung S5 mini за 1 денар.

Samsung Galaxy S6 Edge е еден од најдобрите телефони креирани од почетокот на годинава, со дуал странични дисплеи со кои ќе искусите живописни бои и драматичен контраст. Со светол, јасен и жив екран, Samsung Galaxy S6 Edge е исто толку софистициран и елегантен како што е и паметен. Под елитното, мазно тело, во мат – метал и стакло – лежи моќен процесор. Со најдобра интуитивна камера до сега воопшто интегрирана во телефон, и задната и предната камера го снимаат секој момент со исклучителна јасност за прекрасни фотографии во какво било опкружување и осветлување, дури и на многу светол, сончев ден. И она што е најдобриот новитет е што Samsung Galaxy S6 Edge веќе не се полни на стандарден полнач, туку на посебен дисплеј со режим за заштеда на енергија и брзо полнење за само 10 минути, 100% безжично и со 0% употреба на штекер.