T-Mobile ги донесе iPhone 5s и iPhone 5c во Македонија

8

iPhone5S-PB-Gld_iPhone5S-PF-Gld-US-EN_PRINTТ-Мобиле Македонија денес објави дека ќе започне со продажба на iPhone 5s, најнапредниот паметен телефон на светот и iPhone 5c, најколоритниот iPhone до сега, почнувајќи од 1 ноември. iPhone 5s ќе биде достапен за 1020 денари на 24 рати за моделот од 16GB за T-Mobile корисници и 1159 денари на 24 рати за нови корисници.

iPhone 5c ќе биде достапен за 742 денари на 24 рати за моделот од 16GB за T-Mobile корисници и за 880 денари на 24 рати за нови корисници.

iPhone 5s го редефинира најдоброто смартфон искуство на светот со неверојатни нови функционалности сите спакувани во извонредно тенок и лесен дизајн, вклучувајќи A7 64-битен чип на Apple, најнова iSight камера од 8 мегапиксели со True Tone блиц и со Touch ID како новитет, иновативен начин за едноставно и безбедно да го отклучите вашиот телефон со само еден допир на прстот. iPhone 5c се карактеризира со најнов дизајн, којшто ги содржи функционалностите кои луѓето ги знаат и ги сакаат, како на пример прекрасниот 4 инчен Retina дисплеј, фантастично брзите перформанси на А6 чипот и iSight камерата од 8 мегапиксели – и сѐ тоа поддржано од извонредно издржлива батерија. И iPhone 5s и iPhone 5c нудат повеќе LTE опсези од кој било друг паметен телефон во светот и вклучуваат најнови FaceTime HD камери.
iPhone 5s и iPhone 5c содржат iOS 7, најзначителната надградба на iOS од оригиналниот iPhone, вклучувајќи фантастичен нов кориснички интерфејс, целосно редизајниран со елегантна палета на бои, јасни, функционални слоеви и суптилно движење што го прави пожив. iOS 7 содржи стотици одлични нови функционалности, вклучувајќи Контролен центар, Центар за известувања, подобрен Мултитаскинг, AirDrop, подобрени фотографии, Safari, Siri и  iTunes Radio, бесплатна интернет радио услуга базирана на музиката што ја слушате на iTunes.