T-Mobile Македонија овозможи пристап до 4G

23

unnamed (2)Т-Мобиле Македонија овозможи пристап за своите корисници до 4G мрежа. Во прво време, 4G мрежата ќе биде овозможена во поголемиот дел на Скопје (Центар, Карпош, Аеродром, К. Вода) и Маврово. Во понатамошниот период, 4G мрежата постојано ќе се надградува со цел истата да биде достапна за сите наши корисници на територијата на Република Македонија.

Пристапот до 4G зависи од поддршката на самите мобилни уреди, затоа 4G ќе може да ја користат само оние корисници кои имаат апарати кои ја поддржуваат оваа мрежа. Исто така, корисниците кои имаат СИМ картички набавени пред 2009 година ќе треба да ги заменат со нови за да можат да го користат 4G пристапот.

Листата на мобилни уреди кои поддржуваат 4G е достапна на http://bit.ly/1apxCce.

За моделите на Samsung и Apple се работи на посебна надградба на софтвер, со кој ќе се обезбеди пристап до мрежата на T-Mobile. Корисниците на овие модели ќе бидат накнадно известени за да извршат надградба на софтверот на своите мобилни уреди.

4G мрежата ќе овозможи побрз и поквалитетен пренос на податоци преку мобилните уреди, како и услуги кои сегашната технологија не може да ги овозможи со доволно добар квалитет како на пример телевизија (видео) со висока (HD) резолуција.