Таб Мак пушти во употреба нов погон и најави 80 нови вработувања во Пробиштип

24

Во фабриката за акумулатори Таб мак беше пуштен во употреба нов погон во кој се инвестирани 6 милиони евра. На отворањето вицепремерот Зоран Ставрески истакна дека со оваа инвестиција, во текот на оваа година, во општината Пробиштип ќе се отворат уште 80 нови работни места, наменети за овој регион.
Фабриката за акумулатори само 5% од своето производство го пласира на домашниот пазар, а останатото 95% производство се извезува во земјите од западна Европа. Во 2014 година, Таб Мак очекува прилив на средства од 25 милиони евра.
“Со известициите ги зголемивме производствените капацитети за изработка на статер батерии на 600.000 парчиња, како и 100.000 парчиња индустриски двоволтни ќелии. Во 2013 година, си поставивме за цел да произведеме 400.000 стартер батерии и 150.000 парчиња индустриски двоволтни ќелии. Во иднина сакаме да призведеме еден милион стартер батерии и 250.000 парчиња индустриски двоволтни ќелии, како и да го модернизираме информатичкиот систем, обука на вработените, континуирано подобрување на условите за работа, заштита на животната средина, планираме да изградиме и депонија за опасен отпад по највисоки европски стандарди, регулирање на пречистителна станица за индустриската вода”, рече Игор Липовиќ од Таб мак.