Тајланд забранува креми за сончање со хемикалии што ги уништуваат коралите

104

Властите во Тајланд забранија користење на креми за сончање, коишто во својот состав имаат хемикалии што ги оштетуваат коралите во морињата и океаните.

Песочните плажи на Тајланд долго време биле популарна дестинација на милиони туристи од целиот свет. Но, од организацијата за заштита на морските води, загриженоста поради употреба на креми и лосиони за сончање постојано раст, бидејќи хемикалиите што ги содржат пречат во развојот на коралите во океаните.

На почетокот на август, на сила стапи наредба за забрана на лосиони коишто содржат оксибензин, октиноксат, бутилпарабен и слично. Во соопштението се наведува дека науката покажала дека овие хемикалии го “влошуваат животот на коралните гребени, ги уништуваат ларвите на коралите, им пречат во нивниот репродуктивен систем и предизвикуваат избелување на гребените“.

Слични вакви забрани имаат и пацифичкиот остров Палау и американската држава Хаваи.

Оние кои ќе ја прекршат забраната ќе се соочат со казни до 2.550 евра.

Фото: Pixabay