Тајните на добриот тим

64

mehanizam

Фото: Pixabay

Во секој добар тим продуктивноста е на највисоко ниво и секој член се чувствува важно, ценето и потребно. Ваквите тимови ги обединуваат неколку карактеристики: секој член зборува приближно исто време и ако некој сака нешто да додаде е добредојден, членовите на тимот имаат одлична способност да ја прочитаат невербалната комуникација помеѓу нив, го прилагодат своето однесување и постои силна меѓусебната поддршка.

Доколку на вашиот тим му недостасуваат овие работи, постојат неколку начини на зголемување на продуктивност.

Еднаквост

Лидерите поставуваат очекувања од тимот, а секој член има различни способности и вештини што може да ги понуди. Според тоа нормално е дека за различни проекти ќе има различен придонес, односно секој ќе го работи она што знае и умее најдобро. Она што е важно е секогаш членовите да се третираат со иста важност и никој да не се почувствува помалку вреден и изолиран.

Охрабрување

Членовите на тимот треба да се охрабрат да ги решаваат проблемите пред истите да ескалираат и да имаат можност за самопоправување кога нешто ќе згрешат. Проблемите во тимот треба првенствено да се решат од членовите, додека надворешни влијанија треба да бидат дозволени само откако се исцрпени сите алтернативи и не постои друго решение.

Тренинг

Сите членови на тимот треба да имаат адекватен тренинг и обуки коишто би придонеле за понатамошен успех. Особено треба да се обрне внимание на емоционалната интелигенција, а за таа цел постојат специјализирани курсеви и програми, било да е тоа онлајн, во живо или преку книги. Лидерите што ги водат тимовите треба да ги обезбедат потребните обуки и да не вршат притисок со микроменаџирање.

Награди

Наградите се најчесто составен дел на високо продуктивните тимови. Тоа е уште една причина за поголемо меѓусебно поддржување. Исто како што по успешното комплетирање на тежок проект тимот се чувствува обединето како една целина, така и по наградите среќата ја споделуваат на ист начин. Добриот тим секогаш е подготвен за нов предизвик и нова задача со којашто можат уште еднаш да покажат што значи заедничка, тимска работа.