Таката се откажа од Србија, ќе инвестира во некоја соседна земја

20

takataЈапонскиот произведувач на воздушни перничиња за автомобили Таката ги извести српските власти дека се откажува од плановите да гради фабрика во Србија, јавуваат српските медиуми.

Претседателот на европскиот центар на компанијата, Штефан Штокер, преку писмо ја информирал српската Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот (СИЕПА) дека одборот на Таката одлучил да отвори фабрика во друга земја.

“Со жалење ве информираме дека Таката не е во можност да го прифати вашиот предлог, затоа што Одборот донесе одлука да отвори фабрика во друга земја”, стои во писмото, во кое имала увид агенцијата Бета.

Ова го потврди и поранешниот министер за економија Млаѓан Динкиќ, кој изјави дека Таката се откажала од инвестирање во Србија и дека својата инвестиција ќе ја реализира во некоја од соседните земји.