Talkspace – апликација што поврзува пациенти со психотерапевти

26

Стартапот Talkspace, со седиште во Њујорк, преку истоимената мобилна апликација, поврзува луѓе со ментални проблеми и психотерапевти. Со помош на текстуални пораки и видео разговори оние кои имаат ваков тип на проблем можат слободно да разговараат со стручно лице.

Неодамна стaртапот доби инвестиција од 50 милиони долари и се поврза со најголемата компанија за здравствено осигурување во САД. Според Talkspace, досега од инвестиции стартапот има “подигнато“ околу 110 милиони долари, пишува Bloomberg.

Негови основачи се сопружниците Орен и Рони Френк, а компанијата постои од 2012 година. Според нивните пресметки, Talkspace моментално поврзува пациенти со мрежа од 5.000 лиценцирани терапевти.

За 49 долари неделни корисниците можат да остават текстуална или гласовна порака, а советниците потоа одговараат на истите пет дена во неделата. За дополнителна сума може да се комуницира и преку видео.

Од Talkspace велат дека луѓето на овој начин можат почесто да комуницираат со терапевтите и дека онлајн советувањата се алтернатива за оние кои не сакаат лично да посетат советник.

Фото: Facebook