Танјуг по втор пат на продажба

40

tanjug

Српската Агенција за приватизација по втор пат објави јавен повик за приватизација на новинската агенција Танјуг, затоа што на првиот повик не се јави ниту еден заинтересиран купувач.

Овој пат почетната цена ќе биде двојно помала од проценетата и ќе изнесува 380.467,87 евра. Вредноста на капиталот е проценета на 760.936 евра. Државата Србија го продава својот 100% удел во сопственоста на Танјуг.

Танјуг е еден од 38-те медиуми во сопственост на државата што се ставени на продажба. Формиран е во 1943 година. Вработува околу 200 луѓе. Во 2014 година, добивката пред оданочување на агенцијата беше 5.670 евра.