TAPP 2 – биоразградлив филтер за вода

27

untitledФото: Indiegogo

TAPP 2 е биоразградлив филтер што ја прочистува водата од чешма и не ја загадува околината. Паметниот филтер е дизајниран да одговара на секоја славина, а се мести само за 30 секунди. Тој е поврзан со апликација за смартфон што кажува кога е потребно да се замени, а дава о информации колку пари заштедил корисникот.

TAPP 2 системот филтрира над 80 загадувачи, а ги остава потребните состојки што се добри за организмот како магнезиум, калиум и железо. Тимот, составен од шведски, германски и шпански продукт дизајнери, потроши три години истражувајќи ги постоечките технологии за филтрирање на вода пред да го креира паметниот прочистувач.

Технологија е тестирана во согласност со NSF и EU стандарди во сертифицирана лабораторија. Финалниот производ е изработен од нивен партнер во Азија којшто произведува 10 милиони филтри за вода годишно. Секој од трите резервоари собира 900 литри прочистена вода, доволно за три месеци.

Производот има своја кампања на платформата Indiegogo каде досега има собрано 12.807 долари, а потребни се 30.000. Тимот од TAPP Water Ltd се надева дека ќе почне да ги испорачува системите следниот февруари.