Таргет Груп од април овозможува нарачка на бонитети со билансите за 2015

27

BM-finance-NEW-TAB-Graph--580x424

Компанијата Таргет Груп од Скопје, од месец април 2016 година ќе овозможи нарачка на новите бонитетни извештаи вклучувајќи ги билансите за 2015 година за сите компании од државата. Проверката на успешноста кај деловните партнери или конкунрентите на пазарот е пресудна за доброто работење и поставеност на пазарот. Бонитетите за компаниите од Македонија ќе бидат достапни онлајн (инстант), за сите корисници на платформата БизнисМрежа.мк, додека бонитетите за странските компании ќе бидат достапни веднаш или најдоцна до три работни дена од нарачката.

Бонитетот ги содржи сите клучни информации кои ќе Ви помогнат да донесете правилна деловна одлука. Бонитетот, покрај основните информации за компанијата и историјат на промени за последните 12 месеци нуди преглед на солвентноста, односно информација дали компанијата има активна постапка на стечај, ликвидација или казна/санкција, односно забрана за вршење дејност, увид во поврзани лица, преглед на финансиите за последните 2-3 години, финансиска проценка и мислење за состојба на компанијата.

Таргет Груп ДОО Скопје е специјализирана компанија за управување со деловни информации со целосна база на регистарски и финансиски податоци за компаниите. Со нашите услуги ќе можете да дознаете што се крие позади името на субјектот, односно увид во крвната слика на компанијата. Таргет Груп развива алатки за проценка на квалитетот на компаниите и ризикот што произлегува при соработка со компании. Покрај бонитетни извештаи за компании од повеќе од 130 држави, Таргет Груп нуди база на податоци за анализа на пазар и единствена можност за онлајн проверка на компаниите преку платформата БизнисМрежа.мк.