Тарифите за Apple од 25 проценти ќе важат и за Samsung и другите производители на телефони

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека царините од 25 проценти воведени врз Apple ќе бидат применети врз јужнокорејскиот Samsung и другите производители на паметни телефони.

„Инаку не би било фер. (Белата куќа) ќе го заврши соодветно до крајот на јуни“, изјави тој пред новинарите во Овалната соба.

Тој додаде дека кога тие производители ќе произведуваат производи во САД, тогаш нема да има царини и дека очекува да градат фабрики во Америка, пренесува Гардијан.