Тата гради фабрика за батерии, инвестиција од 4 милијарди фунти

151

Индиската компанија Тата донесе одлука да изгради фабрика за батерии за електрични возила во Велика Британија.

Според Ројтерс, ова е голем поттик за британската автомобилска индустрија, на која и е потребно домашно производство на батерии за електрични возила за да ја обезбеди својата иднина.

Тата  објави дека во Велика Британија ќе ја изгради својата прва гигафабрика надвор од Индија, во која ќе инвестира 4,64 милијарди евра и ќе отвори 4.000 нови работни места.

„Инвестицијата на Тата во нова фабрика за батерии во Велика Британија е доказ за силата на нашата автомобилска индустрија“, одговори британскиот премиер Риши Сунак.

Фото: Freepik