Таткото на еврото остро ја критикува ЕЦБ: „Тие живеат во фантазија“

107

Отмар Исинг, познатиот прв главен економист на Европската централна банка (ЕЦБ), кој важи за еден од татковците на еврото, е многу загрижен поради реакцијата на ЕЦБ на растот на цените.

86-годишникот кој го постави на нозе заедничкото централно банкарство на Европската унија вели дека ЕЦБ „погрешно ја дијагностицирала“ инфлацијата и им вели на денешните носители на одлуки и експерти на ЕЦБ дека „живеат во фантазија“ додека инфлациската спирала „излегува од контрола “, пишува Јутарњи лист.

„ЕЦБ масовно придонесе за оваа замка во која сме фатени и поради која се движиме кон стагфлациско опкружување“, нагласи таткото на еврото.

Оваа критика можеби е најсрамната за раководството на ЕЦБ досега, бидејќи Исинг не е познат како „алтернативен“ или „неконвенционален“ економист, но е крајно незадоволен од политиката на ниска каматна стапка како и фактот дека ЕЦБ подготви неверојатни 4,9 трилиони евра различни хартии од вредност во својот биланс, кои ги купи со цел да ги стимулира економиите на еврозоната.