Таткото на интернетот не е љубител на криптовалути, а инвестирањето во нив го спореди со коцкање

50

После долг период на минус, вредноста на криптовалутите како биткоин и етер во последно време повторно скокна. Дел од инвеститорите се прашуваат дали најлошото поминало и дали следи нов голем раст на криптовалутите, како и дали може повторно да свртат добри пари на овој пазар, откако многумина претрпеа загуби во изминатата година.

Ако го прашате Тим Бернерс Ли, кој е познат и како „татко на интернетот“ затоа што кон крајот на 80-тите ги смисли протоколите кои денес ја претставуваат основата на интернетот, треба да се избегнуваа инвестирање во криптовалути.

Неговиот став кон Web3, кој не е позитивен, е познат уште од порано, и во гостувањето во поткастот Beyond the Valey ја објасни својата позиција за криптовалутите.

Според него, тоа е шпекулативен пазар што во споредба со .com балонот, кој беше надуен кон крајот на 90-тите години, кога бројни компании се обидоа да привлечат инвестиции и да ја подигнат вредноста на нивните акции со презентирање на разни интернет проекти. Вредноста на овие компании растеше со голема брзина сè додека балонот не се издува, така што бројни компании пропаднаа, додека инвестициите беа изгубени.

Тој има слично мислење и за криптоберзата.

„Криптоберзата е шпекулативна. Очигледно, тоа е многу опасно“, рече тој и додаде дека ваквите инвестиции не се нешто на кое тој би губел време и ги спореди со коцкање.

Бернерс е само еден во низата познати луѓе во технолошката индустрија кој покажа палец надолу за криптовалутите. Сличен потег направи и Бил Гејтс, потенцирајќи дека криптоберзата е заснована на „теоријата на поголема будала“, односно дека луѓето заработуваат сè додека има поголема будала која е подготвена да плати повеќе пари отколку што вие сте платиле за некоја криптовалута.

Ниту најпознатиот инвеститор во светот Ворен Бафет не е љубител на криптовалутите, а позната е неговата изјава дека не би дал ни 25 долари за сите биткоини во светот. Неговиот колега Чарли Менгер смета дека вложувањето во криптовалути е глупав потег, нагласувајќи дека тие претставуваат опасност за целиот американски финансиски систем.