ТАВ подготвен за тендерот за аеродромот Ла Гвардија

132

La-Guardia-AirportТурскиот авио-оператор ТАВ соопшти дека се квалификувани да конкурираат за правото да оперираат и да го реконструираат Ла Гвардија аеродромот во Њујорк, како дел од конзорциум, соопштуваат од компанијата, пренесуваат турските медиуми.

Конзорциумот ги вклучува ТАВ заедно со мнозинскиот акционер Aeroports de Paris, единицата за инфраструктура на Goldman Sachs, Tutor Perini Corp, Ove Arup & Partners PC, Kohn Pederson Fox Associates PC, Suffolk Construction Company, STV Incorporated и ADP Ingenierie.

Минатата година Ла Гвардија аеродромот опслужи 26 милиони патници, велат од ТАВ во соопштението испратено до Берзата во Истанбул.

Интерес за стопанисување со зградата на централниот терминал на овој њујоршки аеродром ТАВ покажа во јануари годинава.

Освен со двата аеродроми во Македонија, ТАВ во моментов стопанисува со Ататурк аеродромот во Истанбул, Есенбога во Анкара, Аднан Мендерес во Измир, Газипаша во Анталија, со по два аеродроми во Грузија и Тунис и во Саудиска Арабија.