ТАВ: Распоредот на летови во Скопје променет поради магла

59

Поради временските услови распоредот на вчерашните и денешните летови на аеродромот Александар Велики е променет, стои во соопштението на концесионерот на аеродромот ТАВ холдинг.

Од ТАВ укажуваат дека според националната метеоролошка служба се очекува подобрување на видливоста. Авионите на Флајдубаи на релација Дубаи – Скопје и на Туркиш Ерлајнс на релација Истанбул – Скопје успешно слетале на аеродромот во Скопје околу 13 часот.

Лошите временските услови се причината што повеќе летови денес беа одложени или пренасочени кон други аеродроми.  Летот на Аустријан Ерлајнс  на релацијата Виена – Скопје предвиден за 00:05 ноќеска е пренасочен кон  аеродромот во Виена, а е откажан летот на таа авиокомпанија од Скопје  кон Виена што требаше да се реализира во 04:30.

Исто така e откажан Виена – Скопје – Виена  (11:50/12:40). Откажани се и летовите Скопје-Љубљана (01:20/04:45) на Адрија Ервејс и Скопје – Загреб (05:50) на Кроација ерлајнс.CroatiaAirlines  OU367 Скопје – Загреб 05:50. Летот на Виз Ер Милано Бергамо – Скопје (10:35) е пренасочен кон аеродромот во Софија. Не се реализира и летот на Виз Ее, Скопје- Меминген/Минхен Запад (10:35).

Како што соопштија ТАВ, вчера се откажани или пренасочени летовите на релациите  Љубљана – Скопје (15:00), Цирих – Скопје (15:20), Истанбул – Скопје (19:50), Скопје – Истанбул (20:45), Белград – Скопје- Белград (22:40/06:00) Загреб – Скопје (22:45).