ТАВ заинтересиран за аеродромот Никола Тесла во Белград

40

Serbia, Srbija , Србија

Аеродромскиот оператор ТАВ од Турција преговара за инвестиции во белградскиот аеродром Никола Тесла, пишува Wicebroker.rs.

Според извори блиски до турската компанија, овој аеродромски оператор ги разгледува проектите во Манила и Белград. Српската влада изјавила дека се ангажирани советници за да може да најде долгорочен оператор со аеродромот.

ТАВ планира да ги достави понудите за овие два аеродрома во текот на следниот месец. Можно е ТАВ да понуди оперативна управа над аеродромот, но не е исклучена можноста за преземање на имотот.

ТАВ управува со истанбулскиот аеродром Ататурк и со уште 13 аеродроми ширум светот, вклучувајќи ги аеродромите во Македонија и Хрватска.