
Фото: Pexels
Во хрватската престолнина пристигнува естонскиот старт – ап Taxify. Станува збор за апликација за порачување на превоз, којашто од 27-ми ноември започнува со работа во Загреб, пишува Lider.hr.
Taxify, како што се наведува, на возачите ќе им понуди партнерски однос. Нивниот надоместок ќе се движи од 10 до 15%, додека надоместокот што го добиваат возачите на Uber е 25%. Тоа би требало да значи дека на возачите ќе им се зема помала провизија, што значи повеќе пари за возачите, но и пониски цени за патниците.
Според најавите, Taxify нема да воведе ексклузивност, што значи дека возачите ќе може да работат и за нив, но и за конкуренцијата.
Естонскиот старт – ап Taxify започна со работа во 2013 година и во овој момент има 15 милиони активни корисници во 25 земји ширум светот.
Засега најдобро функционира во Африка, а во Србија се присутни од 2015 година.












