Теал од Тетово за шест месеци прикажа добивка од 7,5 милиони денари

28

teal-tetovo-1-580x415

Компанијата Теал од Тетово прикажа вкупна сеопфатна добивка од 7.544.000 денари, покажува шестмесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – јуни лани, компанијата евидентираше загуба од 11.998.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, до крајот на јуни оваа година, имаа вредност од 109.064.000 денари. На домашен пазар, од тој износ, се реализирани 38.009.000 денари, додека поголемиот дел од 71.055.000 денари отпаѓа на продажба на странски пазар.

Основна дејност на Теал од Тетово е производство на алуминиумски профили и легури.