Тедески размислува за воведување четиридневна работна недела

24

Основачот и сопственик на Atlantic group, Емил Тедески, сериозно ја разгледува можноста за воведување на четиридневна работна недела.

Ова го истакнал Тедески на Consumer Rules Summit во Србија, наведувајќи дека неговата компанија работи на тоа корпоративните услови да се прилагодат на новонастанатата ситуација, да обезбедат флексибилно работно време, како и работа од дома.

“Надлежните се грижат за низа погодности што подразбираат квалитетен амбиент за работа, корпоративна култура и добар баланс меѓу слободното и работното време, а сериозно ја разгледуваме можноста за четиридневна работна недела“, рекол Тедески, пренесуваат тамошните медиуми.

Финансиите, според него, не се пресуден фактор вработениот да остане на работното место, бидејќи на прво место е сигурноста, а на второ е квалитетот на амбиентот во којшто човек работи, се движи и создава.

Фото: Facebook