Иран во краток временски период би можел да извезе милиони барели нафта од своите складишта доколку постигне договор со САД околу својата нуклеарна програма, сметаат трговци со нафта.
САД и Иран на средината на јуни почнаа шеста рунда на преговори за обновување на нуклеарниот договор од 2015 година, од којшто претходниот претседател на САД, Доналд Трамп се повлече во 2018 година.
Трамп повторно воведе санкции на иранскиот енергетски сектор, поради што рафинериите во многу земји почнаа да ја одбиваат иранската нафта. Техеран беше принуден значително да го намали извозот.
Иран е четврта земја по ред според залихи на нафта во светот и силно се потпира на приходите од продажба на овој енергент.
Фото: Pexels