Технокооп мебел на нова локација

67

Брендот за производство и продажба на мебел Технокооп, отсега се наоѓа на нова и подобрена локација, во населбата Пинтија. Во новиот продажен салон, на купувачите ќе им бидат овозможени многу поволности и бенефиции. Тие на едно место ќе можат да добијат услуги и совети од врвни архитекти, изготвување на проекти, сериски мебел и акциска продажба на мебел.

„Континуирано создаваме модерен и уникатен мебел, но постојано сме и во потрага по нови начини да ги доближиме нашите производи до потрошувачите, а тоа подразбира и комплетни инсталации со нашиот мебел. Така, потрошувачите можат да се уверат во естетската и функционалната вредност на нашиот мебел. Новата локација на Технокооп мебел, во населба Пинтија, се должи на светските трендови што налагаат најреномираните салони за мебел да се наоѓаат на периферните места во градот, со доволен простор за изложување. Освен новата локација, новитет се и услугите што од сега ќе бидат на едно поинакво и повисоко ниво. Искрено се надеваме дека ваквите наши заложби ќе бидат предизвик и за купувачите да не посетат и да изберат квалитетен мебел за домот, по најпристапна цена“, изјави Тони Божиновски, генерален менаџер на Технокооп мебел.

По повод отворањето на новиот салон, на 6 и 7 февруари, сите купувачи на мебел ќе добијат и дополнителен попуст.

Технокооп мебел минатата година одбележа 25 успешни години од функционирање и работење на македонскиот пазар.