Технокооп мебел слави 25 години постоење

48

tehnokoopМакедонската компанија Технокооп мебел на Саемот за мебел ќе ги израдува своите купувачи со вредни изненадувања. Преку наградување на купувачите Технокооп мебел ја одбележува 25-тата година од своето постоење на пазарот.

Француски лежај, трпезариска маса со столици, релакс лежалка, вредносни ваучери од Технокооп мебел, Coincasa и @Home, клуб масички, табуретки се изненадувањата коишто ги очекуваат. Наградите ќе се добиваат по принципот на извлекување, а право на учество во извлекувањето ќе имаат оние купувачи кои што направиле нарачка на саемот за мебел од Технокооп со вкупна вредност од минимум 15.000 денари. По купениот или нарачаниот предмет од штандот на Технокооп мебел, купувачот добива право да извлекува една од 25-те награди.

„Кога влеговме во 25-тата година постоење, одлучивме да ги одбележиме сите овие години на растење, развивање и креирање на пазарот преку изненадувања за купувачите. Сакаме преку изненадувања, бенефицирани програми, промоции и акциски намалувања да возвратиме на довербата што во текот на 25-те години постоење ја добиваме од купувачите“, изјави Тони Божиновски, генерален менаџер на Технокооп мебел.

Технокооп мебел е една од првите компании за мебел во Македонија.