Технолошки гигант ќе продава електрични автомобили во своите продавници

71

Технолошкиот гигант Huawei новиот електричен автомобил на кинеската компанија Seres ќе го продава во своите продажни салони низ Кина.

Huawei и Seres заедно развија целосно нов систем на електричен автомобил, со што има значаен придонес во автономното возење и побрзо полнење на батериите на автомобилите. Возилото е опремено со новата Driven One Three in One Electric Drive технологија што овозможува подолги патувања, но и врвни спортски перформанси.

Автомобилот SF5 на купувачите ќе им нуди поголема флексибилност, од 180 километри домети во целосно електричен погон за пократко градско возење, додека повеќе од 1.000 километри за подолги патувања.

Фото: Pexels