Технолошки изуми што заминуваат во историјата од 2014 година

25

Сведоци сме на брзиот технолошки напредок што постојано носи нови, креативни и мултифункционални уреди, што го олеснуваат секојдневието на луѓето. Но, за сметка на тоа, уредите што биле хит до пред некое време, сега веќе заминуваат во историјата.

Годината што полека изминува беше последна за повеќе уреди и сервиси.

iPod Classic 2001 – 2014

SONY DSC

Еден од најпопуларните музички плеери на технолошката компанија Apple престана да се произведува оваа година, по што кај колекционерите ја разбуди желбата да најдат барем еден сега веќе редок примерок од iPod Classic, чие производство започна во 2001 година.

Microsoft Office Clip Art 1996 – 2014

Microsoft_Clipart_Old_School

Во период кога станаа “полнолетни“, цртежите Clip Art, во рамки на Microsoft Office пакетот, заминаа во историјата. Оваа промена за многумина беше очекувана, така што корисниците на оперативниот систем Microsoft Office ќе можат да избираат слики преку Bing.

Windows XP 2001 – 2014

winxppro

Поддршката за некогаш најпопуларниот оперативен систем во светот официјално престана оваа година. По 13 години, корисници на Microsoft Office ќе мора да преминат на понова верзија.

Windows Live Messenger  1999 – 2014

msn

До пред некоја година беше една од најпопуларните мрежи за допишување, но повеќе не е достапна. Од моментот кога технолошкиот гигант Microsoft го купи сервисот Skype, беше прашање на време кога ќе ја изгаси оваа постара апликација.

Nokia 1984 – 2014

nokia3310

Мобилните телефони од финско производство, што оставија печат на поновите генерации, и официјално веќе не постојат. Microsoft минатата година ја купи Nokia за 7,2 милијарди долари, а оваа година беше претставена првата Lumia што на себе ја нема ознаката Nokia.

Плазма телевизори 1999 – 2014

plazma televizor

Иако до неодамна беа најдобрите уреди за гледање телевизија, плазма телевизорите од следната година повеќе нема да се произведуваат. Минатата година Panasonic го затвори одделот каде што се произведуваа ваков вид на телевизор, оваа година тоа го направи LG, додека Samsung ќе престане со производство во јануари.