Технолошкиот сектор го поттикна растот на Волстрит

15

На Волстрит  индексот S&P 500 достигна ново рекордно ниво, исто како и Nasdaq, што најмногу се должи на натамошниот раст на цените на акциите на технолошките компании. Индексот Dow Jones зајакна 0,49 отсто, на 38.778 поени, додека S&P 500 порасна за 0,77 отсто, на 5.473 поени, а Nasdaq 0,95 отсто, на 17.857 поени.

Вчера, како и минатата недела, најмногу пораснаа цените на акциите на производителите на чипови и технолошки компании, па S&P 500 и Nasdaq достигнаа нови рекордни нивоа. Иако немаше нови значајни вести, цената на акциите на Apple се зголеми за 2 отсто, а на Microsoft за 1 отсто.

Поскапуваат и акциите на другите технолошки гиганти, како Alphabet, Amazon, Meta Platforms. Оваа недела ќе бидат објавени нови макроекномски податоци, кои ќе покажат во каква форма е американската економија.