Технома од 25-ти до 29-ти октомври во Вип Арена Борис Трајковски

20

tehnoma-2017

Од 25-ти до 29-ти октомври, ќе се одвива Меѓународниот саем Технома 2017, којшто веќе 43 години претставува успешен деловен настан специјализиран за претставници на големи, средни и мали, домашни и странски производители во областа на металургијата, електротехниката, енергетиката, неметалите, градежништвото, обезбедувањето и заштита, стои во соопштението.

Технома, во организација на Скопски саем, е високо почитуван саем којшто уште од 1997 година како саемска манифестација е членка на УФИ (Унија на меѓународни саем) чие главно седиште е Париз.

Скопски саем е единствена специјализирана компанија со долга традиција на одржување на саемски манифестации и продолжува со своите активности и во иднина.

Технома како бренд постои веќе четири децении каде претставниците на домашни и странски производители од областа на металургијата, електротехниката, енергетиката, неметалите, градежништвото, обезбедување и заштита ги претставуваат и промовираат своите иновативни и ефикасни производи и методи. Воедно, на саемот Технома се претставуваат националните економии на многу земји, покраини и региони и со цел зголемување на соработката се организираат разни стручни програми и Б2Б средби. Имајќи го предвид нивото на иновативноста што се претставува и бројните бизнис можности, Технома е посетен од десетици илјади посетители од различни сфери на интерес

Официјалното отворање на Технома 2017 е на 25.10.2016 (среда) во 11 часот во Вип Арена Борис Трајковски.

Работното време на саемот е од 10 до 19 часот, цената на редовната влезница изнесува 50 денари, а за организирани групни посети влезницата чини 30 денари.