Техномаркет го посветува март за месец за подигање на свеста за аутизмот

24

Image_1242444_126 Техномаркет го посветува месец март на подигање на свеста за аутизмот и за поддршка на лицата со ова нарушување. Најголемиот синџир на продавници за бела техника и апарати за домаќинство во текот на целиот месец ќе издвојува дел од дневниот промет што ќе го донира во Здружението на граѓани Во мојот свет, за третман на лицата со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром.

За таа цел, компанијата најавува големи намалувања што ќе започнат од утре, 28-ми февруари и ќе траат во текот на целиот месец март. Во продажните салони на Техномаркет ќе може да се најдат телевизори за 5.999 денари, таблети за 2.599 денари, шпорети за 6.999 денари, машини за перење за 7.999 денари и уште многу други промотивни цени на производите. Преку создавање на можноста за донирање од сите граѓани, компанијата им овозможува директно учество во истата и со тоа влијае кон зголемување на свеста за потребите на луѓето со аутизам.

Донацијата ќе биде врачена на 2-ри април кога е Светскиот ден за свесност за аутизмот. Со собраните средства ќе се опреми здружението Во мојот свет со компјутери, таблети, принтери и додатоци за инсталирање на програми за орална анимација и музичка подлога за подобро совладување на говорот.

Ваквата акција ќе ја продолжи низата на општествено одговорни активности, што ги спроведува Техномаркет во текот на целата година за подобрување на заедницата во која функционира и самата компанија