Технометал Вардар за девет месеци прокнижи 22.000 денари добивка

19

tehnometal-vardar

Технометал Вардар за деветте месеци од 2016-та година оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 22.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Од јануари до септември минатата година, компанијата прикажа добивка од 43.000 денари.

Вкупните приходи од продажба од почетокот на годината до крајот на септември изнесуваа 47.152.000 денари. На домашен пазар се реализирани 35.260.000 денари, додека на пазари во странство се остварени 11.892.000 денари.

Основна дејност на Технометал Вардар е увоз и извоз, големопродажба, како и малопродажба на широк асортиман на производи од железо и челик, електро и индустриски материјали, механизација и возила, хемиски, текстилни и прехранбени производи.