Земјите од Европската унија ќе се вклучат со повеќе од 100 милиони евра во програмата за социјална помош за илјадници текстилни работници во Бангладеш, кои се погодени од кризата поради пандемијата, пренесува Ројтерс.
ЕУ е најголем пазар за облеката што е произведена во Бангладеш, којшто се соочува со откажување или одложување на порачките вредни неколку милијарди долари, бидејќи бројни модни куќи ги затворија продавниците на почетокот на годината поради пандемијата.
Според новата програма за социјална заштита на Бангладеш, работниците во текстилната индустрија на почетокот ќе добијат месечна парична помош од 35,30 долари во текот на три месеци.
Германија и ЕУ, кои на почетокот на оваа година испратија итна парична помош на текстилните работници во Мјанмар, ветиле 113 милиони евра помош за социјалната програма на Бангладеш.
Откажаните нарачки предизвикаа намалување на платите на текстилните работници ширум светот во износ од 5,8 милијарди долари, а некои од нив и останаа без работа.
Фото: Freepik