Телефон наместо клуч – ова е иднината на автомобилите

89

Паметни мобилни телефони во последните години стануваат сè попаметни, во себе акумулирајќи бројни функции што му го олеснуваат животот и секојдневието на корисникот. Веќе долго време не го користиме телефонот само за да го чуеме гласот на најблиските, семејството, пријателите, колегите. Со телефонот сме поврзани секаде каде што допира интернет сигналот, слушаме музика, проверуваме што има на социјалните мрежи, ги контролираме уредите во домот, плаќаме онлајн, па дури и некои го отклучуваат својот автомобил со мобилниот телефон.

Иако таа технологија веќе се користи, таа е базирана на технологија што бара телефонот да го доближите до возилото. Но, сега се развива и друг вид на технологија UWB (ultra wideband), со којашто автомобилот ќе може да се отклучи исто како со клуч од далечина.

Новите модели на Apple ја имаат оваа технологија во себе, а од BMW објавија дека ќе ја користат UWB технологијата на новите електрични возила од серијата iX.

Но, Apple не е единствената технолошка компанија што развива UWB, бидејќи неодамна и Samsung го најави Galaxy S21 во којшто ќе биде имплементирана оваа технологија, а тоа може да се очекува и од другите технолошки брендови, пренесува Auto Evolution.

Фото: Freepik