Телеком конкурсот за иновации за 2015 година е сè уште отворен

2

????????????????????????????

Во својата потрага по паметни иноватори ширум светот, Телеком конкурсот за иновации потсетува на крајниот рок за пријавување на учество, 15 октомври.

Согласно темите што се во фокусот на интерес на Дојче Телеком, поднесените решенија треба да покриваат една од категориите: Смарт анализа на податоци (Smart Data Analytics), Комуникации на иднината (Future Communication) или Индустрија (Industry) 4.0/ Интернет на нештата (IoT).

“Телеком конкурсот за иновации нуди единствена можност за учество на ексклузивниот Саем за иновации (Innovation Expo) во Будимпешта на 12 ноември оваа година, каде иноваторите ќе можат да остварат средба и разменат идеи со нови компании како и лица на раководни позиции во Дојче Телеком. Затоа ги повикувам сите компании и иноватори да го пријават своето учество најдоцна до 15 октомври и да не ја пропуштат можноста за успешни заеднички потфати со останатите националните компании на Дојче Телеком“, изјави Димитар Ковачевски, директор на корпоративни комуникации во Македонски Телеком.

Со оглед дека Дојче Телеком бара зрели идеи, тимовите треба да презентираат барем работен прототип.