Телеком Словенија ја презема контролата врз Анекс

56

telekom slovenijaТелеком Словенија ги купи преостанатите 30% на операторот Анекс, кој е со седиште во Република Српска. Не се открива колку чинат овие 30%, но судејќи според минатогодишната докапитализација, можно е Телеком Словенија да платил околу два милиони евра, пишува Бизнис.хр.

Телеком Словенија купи 70% од Анекс во ноември 2007 година за 3,33 милиони евра.

Анекс е основан 1992 година и е еден од водечките телекомуникациски оператори во Босна и Херцеговина кои нудат широкопојасен интернет, фиксна телефонија, како и аналогна и дигитална телевизија.

Во првите девет месеци минатата година, Телеком Словенија во БиХ и Албанија оствари вкупно 15 милиони евра приход, што е 2% од сите приходи на Групата.

Кон крајот на минатата година, Телеком Словенија откупи и 25% од албанската компанија Primo Telekomunications.