Телеком Словенија ќе отпушта 800 вработени

25

telekomТелеком Словенија 2013 година ја заврши со 799,2 милиони евра приход, што е за 3,9 милиони евра повеќе во однос на 2012 година. Добивката изнесува 71,5 милиони евра, што е за 7,3 милиони евра повеќе во споредба со 2012 година. Но, и покрај добрите резултати, првиот човек на компанијата, Рудолф Скобе потврди дека во следните пет години ќе бидат отпуштени 800 вработени, 200 во првиот бран, од кои 150 од матичната земја, пишува Финанце.

Телеком Словенија е на листата на компании кои треба да бидат приватизирани. Но, без оглед на овој процес, компанијата ќе продолжи со спроведување на стратегијата, која предвидува рационализација во областа на трошоците за работна сила. Како ќе бидат обесштетени отпуштените, се уште се договара.

Како еден од најсериозните потенцијални купувачи на Телеком Словенија се споменува Deutsche Telekom.