Телеком Словеније го продаде уделот во операторот на Гибралтар

47

GibTelecom0

Телеком Словеније вчера го продаде својот 50% удел во националниот оператор Gibtelekom Limited за 47,7 милиони евра на гибралтарската влада, јавува словенечката агенција СТА.

Се очекува трансакцијата да биде завршена во текот на следниот месец.

Уделот од 50% словенечкиот телеком го купи во 2007 година од американската компанија Verizon International за 36,8 милиони евра. Остатокот од уделот е во сопственост на гибралтарската влада, која го задржа правото на купување на преостанатите акции.

Телеком Словеније се наоѓа на листата словенечки компании кои треба да се приватизираат. Се очекува постапката на продажба на 75% од компанијата, која е во тек, да заврши во првиот квартал следната година.