Телеком Словеније издаде обврзници во вредност од 100 милиони евра

67

telekom slovenije

Телеком Словеније издаде петгодишни обврзници со вкупна вредност од 100 милиони евра, пишува словенечки Дело.

Годишната каматна стапка на обврзниците ќе биде 1,95%, а интересот на инвеститорите за овие хартии од вредност бил за 70% поголем од целната понуда.

Обврзниците се пласирани во рамки на договор склучен со конзорциум од банки коишто на Телеком Словеније му одобриле вкупно задолжување од 300 милиони евра во текот на оваа година.

Средствата добиени од емисијата на обврзници ќе се искористат за нови инвестиции. Оваа година групата Телеком Словеније планира инвестиции во вредност од 156 милиони евра, што е за 38% повеќе во однос на претходната година.

Организатори на емисијата на обврзници се Нова Љубљанска банка (НЛБ) и Алта Инвест.