Телеком Словеније е повикан да учествува во вториот круг на приватизацијата на Телеком Србија и голема е веројатноста да предаде обврзувачка понуда, изјави директорот на словенечкиот оператор Рудолф Скобе, пишува Seebiz.
“Повикани сме во вториот круг на приватизацијата на Телеком Србија како еден од потенцијалните купувачи и би било штета да ја испуштиме оваа можност”, изјави Скобе и додаде дека веројатно во процесот би влегле со некој приватен партнер.
Телеком Словеније веројатно ќе предаде обврзувачка понуда, но само ако во тоа ги поддржи државата како мнозински сопственик.
Телеком Словеније и самиот е на листата на 15 словенечки фирми во мнозинска државна сопственост предвидени за приватизација.