Телеком Србија најпрофитабилно претпријатие во 2015 година

47

telekom-srbija-580x435

Најпрофитабилна компанија во 2015 година во Србија е Телеком Србија и е прва на листата 100 нај… компании според нето добивка. Телеком во 2015 остварил нето добивка од 132,2 милиони евра.

Листата 100 нај… ја состави Агенцијата за стопански регистри (АПР), врз основа на анализа и рангирање на податоци за 90.400 компании од аспект на успешност во работењето – според приходите и нето добивката, од аспект на финансиски капацитет – според имотот и капитал, како и од аспект на загуба – според нето загуба и вкупна загуба.

На прво место на листата со најголема загуба е концернот Фармаком МБ Шабац – АД Млекара Шабац во стечај, со нето загуба од 470,5 милиони евра.