Телеком Србија вчера распиша јавен повик за избор на приватизациски советник за продажба на оваа компанија, јавува Танјуг.
Предмет на јавните набавки се услуги од менаџмент консалтинг од страна на советник во вид на стручна помош во утврдување на предлог модел за приватизација на претпријатието за телекомуникации Телеком Србија, со цел развој во областа на телекомуникациите во Србија.
Критериум за доделување на договорот е економски најповолна понуда.
Рокот за доставување на понудите е 6 март, а истиот ден, по истекувањето на рокот, ќе биде и јавното отворање на понудите.