Телемедицината ја чека вистински бум оваа година

44

За оваа година се предвидува бројот на видео лекарски прегледи, односно виртуелни посети на лекар да се зголемат на 5% ширум светот, што е пет пати повеќе во однос на 2019 година, се наведува во извештајот Предвидувања за технологија, медиуми и комуникации на Deloitte Global.

Пандемијата што го зафати целиот свет овозможи отстранување на законски пречки за видео прегледи и им помогна на корисниците да ги користат предностите од апликацијата за видео повици, посебно за лицата постари од 65 години.

Deloitte предвидува и раст на cloud технологијата и тоа за над 30% во период од 2021-ва до 2025-та година, бидејќи компаниите ги корисат за да заштедат пари, да бидат поефикасни и иновативни.

Експертите и консултантните предвидуваат дека во 2021 година глобалниот пазар на компјутери ќе генерира 12 милијарди долари со просечна годишна стапка на раст од околу 35%.

Фото: Freepik