Telenor banka и официјално во рацете на PPF Group

158

Првата српска онлајн банка,Telenor banka, преминува во рацете на чешката групација PPF, откако двете страни потпишаа договор за продажба на банката, со 100% промена на сопствеништвото, пишува порталот Bankar.me.

Telenor banka е дел од групацијата Telenor, еден од најголемите мобилни оператори во регионот и во 2014 ја отвори првата онлајн банка која досега има преку 390.000 корисници.

PPF е најголемата инвестициска групација во централно-источна Европа која вложува во различни сектори, како банкарство, потрошувачки финансиски услиги, телекомуникации, недвижнини и биотехнологија.

За реализација на продажбата се чека уште корпоративната и регулаторната согласност на Народната банка на Србија, како и комисиите за заштита на конкуренцијата во Србија и Црна Гора.

Инаку, во 2008 година, норвешкиот Telenor ја купи српската компанија за мобилни телефони, Mobi 63, со лиценца за втор мобилен оператор и за 1,513 милијарди евра.

Фото: Facebook